Сигет и Балатон саунд меѓу најдобрите фестивали

Оваа година Европските фестивалски награди (European Festival Awards) забележаа рекорден број на гласања од страна на публиката која имаше можност да гласа за своите омилени фестивали.

Вкупно беа забележани рекордни милион гласови од 49 европски земји, а Сигет и Балатон Саунд влегоа во најтесниот избор од топ 10 европски фестивали.
Оваа година над 250 фестивали од 33 земји беа номинирани во различни категории. Балатон Саунд влезе во десетте најдобри во категоријата Најдобри фестивали со средна големина, а Сигет кој лани беше прогласен за Најдобар голем европски фестивал, повторно влезе во десетте Најдобри од најголемите.
Победниците во сите категории ќе бидат официјално објавени на 9 јануари 2013 за време на свеченоста ,,Фестивал Авордс” која се одржува секоја година во Гронинген, Холандија.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

“Егзит” без финансии, оставка на главниот менаџер

Ентони Брекстон го отвора Скопски џез-фестивал

Почнува Белградскиот џез фестивал

Пронајдете не на следниве мрежи: