Го пронашол својот двојник од XVI век

Она што започнало како удобна прошетка низ Музејот на Уметност во Филаделфија, за еден студент и неговата девојка се претворило во шокантно откритие.

Имено, 20-годишниот Max Galuppo во музејот открил слика од непознат италијански автор на која се наоѓа негов двојник. Сликата под назив “Portrait of a Nobleman with Dueling Gauntlet” датира од XVI век. 

“Беше навистина чудно. Ова ни е прва посета на Музејот на Уетноста и навистина останавме шокирани кога влеговме на одделот посветен на оружје и го видовме човекот на сликата. Тоа беше Max и знам дека некое време само стоевме пред сликата. Јас гледав во сликата, па во Max, не можев да верувам колку се слични.” – изјавила неговата девојка, Nikkie Curtis. 

После тоа, Nikkie го фотографирала Max покрај сликата која тој ја објавил на својот Facebook профил. За кратко време сликата станала хит. Објавена е на Reddit, на која собрала околу 775 коментари. 

“Најсмешно ми беше кога добив понуда од еден корисник на Reddit да ми направи костим како оној на лсиката. ПОдоцна малку истражував за потеклото на сликата, но за неа нема многу информации, освен тоа дека датира од 1562 година. Помислив дека тоа ми е некој роднина, но до сега не успеав да дознаам дали тоа е вистина. Но, ќе се обидам да дојдам до вистината, мислам дека тоа си го должам сам на себе.” – рекол Galuppo. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Двојник на Џоковиќ во Белград

Фото: Балканските ѕвезди и нивните двојници од Холивуд 

 Двојниците на актерите од турската серија Величествениот

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: