Безгранично пријателство: бабата Misao и мачката Fukumaru станаа хит на интернет

Loading...

 

Пред 13 години Miyoko Ihara започнала со фотоапарат да одбележува едно големо пријателство кое трае и ден денес. Имено, Ihara ја фотографирала својата 88-годишна баба Misаo и нејзината мачка со име Fukumaru.

Мачката со чудните очи, на фотографиите, но и во секојдневниот живот, не се одвојува од својата сопственичка. Така Misao и Fukumaru заедно готват, работат во градината, дури и заедно се капат. Нивното пријателство е документирано и во книга, “Misao the Big Mama and Fukumaru the Cat” – книга која во моментов е меѓу најпродаваните во цела Јапонија. Исто така, фотографиите од бабата и мачката станаа огромен хит во САД. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Се започнало во 2003, кога мачка-скитник родила мали мачиња во шталата на Misao. Бабата на белата мачка и дала име Fukumaru, што на јапонски значи “голема среќа”. 

“Имаат многу сличности. И двете се спори и имаат проблеми со слухот, а најмногу сакаат да лежат и да се одмораат.” – изјавила внуката Miyoko. Но, таа нагласува дека восхитува на начинот на кој живее нејзината баба. 

“Fukumaru е пресреќна во друштвото на мојата баба. Кога ги фотографирам заедно, се чувсвувам како пак да сум запловила во детството” – вели Miyoko. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Ја знаете ли вистинската ФОРМУЛА за Љубов?

 

Во Бразил се клонираат загрозени животни

 

Марфиеви закони за љубовта

 

loading...
Loading...