Германската војска троши милиони евра на крема за сончање

Германската војска троши милиони евра на даночните обврзници за производство на своја сопствена крема за сончање, сируп против кашлање и балзам за усни, наместо да ги купува во продажните синџири.

Што е уште полошо, 90 отсто од производите коишто германската армија ги произведува за личните потреби на своите припадници на крајот завршуваат во отпад, се наведува во извештајот на Германскиот сојузен ревизорски суд.

Во годишниот извештај се наведува дека армијата потрошила 20 милиони евра на градење погон за производство на продукти за своите потреби, меѓу кои се и средства против каснувања од инсекти и спреј за нос.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: