четврток, 12 ноември 2026
Најново

Џорџ Клуни во улога на Никола Тесла?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

За новиот научно фантастичен филм во режија на Бред Пит, чиј првичен работен наслов беше  “1952”, а подоцна “Tesla”, низ светските медиуми сеуште се пласираат огромен број на шпекулации.

Иако не е сигурно дали во целовкупниот проект ќе стане воопшто збор за Никола Тесла, сепак за познатата улога на прочуениот научник, според шпекулациите Џорџ Клуни е еден од можните кандидати за главната улога на овој прочуен научник.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Неофицијално, во филмот би требало да се работи за “потрага по вонземјани кои ја населуваат Земјата”. Бред Пит бил инспириран од приказната за животот на Тесла, во кој се говори дека овој научник примал сигнали од Марс, по неговото градење на уред за бежичен пренос на електрична енергија во Колорадо Спрингс.

Сепак, постои и веќе споменатата можност да “Tesla” биде само водечкиот наслов на самиот проект, филм во кој и воопшто би можело да не стане збор за најпознатиот научник на овие простори.

 

Погледнете ги следниве статии

 Сестрата на Клуни за неговото детство и неговиот живот

 

 

 

 

 

 

 

 Џорџ Клуни ја собра холивудската елита за својот најнов филм

 

 

 

 

 Matthew McConaughey ја шокираше јавноста со својот изглед

Поврзани вести