Хаг ги ослободи хрватските генерали Готовина и Маркач

Хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач се пуштени на слобода со одлука на Жалбениот совет на Меѓународниот суд за воени злосторства на подрачјето на поранешна Југославија, на чело со судијата Теодор Мерон.

Судот ги отфрли заклучоците од расправата со кои Готовина и Маркач учествувале во здружен злосторнички потфат, како и обвиненијата за прекумерно гранатирање на Книн, Грачац, Обровац и Бенковац.
Двајцата генерали се ослободени и од командна одговорност.
Жалбениот совет смета дека Претресниот совет погрешил во изнесување на границата од 20 метри. Тоа нема никаков доказ што сугерира гранична грешка од 200 метри. Судијата Мерон рече дека нема причина да се работи за таа граница.
Советот ја поништи одлуката на Претресниот совет за постоење здружен злосторнички потфат и одлучи дека нема да изрече пресуда за алтернативни видови одговорност.
Според зборовите на судијата, не може да се заклучи дека луѓето кои учествувале во легитимни артилериски напади имале намера да учествуваат во присилно преселување на српското население.
Генералот Младен Маркач не придонел во кривичните дела на специјалната полиција, ниту можел да влијае.
„Ги поништувам пресудите за прогон, депортирање, убиства и нечовечко однесување, како и за кражба на јавен и приватен имот, грубо постапување, како и кршење на законот за војување, а со тоа изрекувам ослободувачка пресуда по точките 1,2,4,5,7,8,9 за обвинетите“, рече Мерон.
Министерот за одбрана Анте Котромановиќ со авион на Владата на Хрватска ќе отиде по ослободените генерали во Хаг.
Ваквата одлука предизвика големо воодушевување меѓу граѓаните на Хрватска, кои на градските плоштади ја следеа пресудата.
Во април минатата година Готовина е осуден на 24, а Маркач на 18 години затвор поради воени злосторства.
Нивните адвокати вложија жалба, а денеска им е изречена правосилна ослободителна пресуда.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: