Неколку чудни факти за левучарите

Loading...

Нема сомнение, левучарите се разликуваат по уште неколку работи покрај преферираната рака или нога. 

Се разбира, левучарите се само 10% од светското население – но, искрено, изгледа како општеството да подзаборава на нив. 99% од стварите кои се изработуваат во светот се изработуваат со намена да ги користат само луѓето кои првенствено ја користат својата десна страна (Нема правда…). 

Што е причината за појава на левучари? Научниците сеуште не се сигурни, но истражувањата укажуваат на комплексна комбинација на гените и животната средина. 

Науката откри неколку интересни карактеристики кои ги издвојуваат левучарите од десничарите.

 

1. Доминантноста на десничарите не е современ феномен.

Се чини дека употребата на десните екстремитети доминира речиси половина милион години.

Научници од Универзитетот Kansas неодамна утврдија дека и нашите пра-пра-пра-пра-пра-пра-пра-(ја сфаќате поентата)-дедовци најчесто претпочитале да ја користат десната рака повеќе од левата. Ова е утврдено (не бидете изненадени) според забите на фосилите. Докажано е дека според начинот на кој ја загризувале храната, праисториските луѓе предоминантно ја користеле својата десна страна. 

 

2. Левучарите се подобри уметници

Левучарите се фалат со својата креативност со години. Се чини дека има вистина во тоа. Според истражување објавено во American Journal of Psychology, има докази дека левучарите се во предност во барем еден аспект на креативноста – подобри се во дивергентно размислување, метод на интензивно создавање идеи. 

За да проценат дали левучарите имале поголеми предиспозиции за да се бават со креативни професии, луѓето од Left-Handers' Club (про-левучарско здружение кое се бави со истражувања од оваа област) испитувале повеќе од 2000 левучари и десничари во светот. Резултатите велат дека левучарите повеќе се бават со уметност, музика, спорт и информатичка технологија. Од друга страна, Wall Street Journal објави статија во која вели дека левучарите добиваат 10% помала плата од десничарите. 

 

3. Левучарите се подобри спортисти

Голф-легендата Phil Mickerson, тенискиот ас Rafael Nadal, боксерот Oscar de la Hoya – знаевте ли дека некои од вашите омилени спортисти можеби се левучари? 

Всушност, левучарите можеби имаат предност во спортови кои инволвираат лице-во-лице дуели (тенис, бокс, безбол…). Разликата е во тоа што левучарите добиваат многу повеќе шанси да вежбаат против десничари, додека десничарите ретко налетуваат на левучар на кој можат да тренираат. 

Лесни поени за левучарите.

 

4. Левучарите обожуваат алкохол

Наредниот пат кога ќе решите да се натпреварувате во пиење со некого, проверете во која рака ја држи чашата. Постојат големи шанси да биде левата. 

Со години постои мит дека левучарите имаат поголеми предиспозиции да станат алкохоличари. Неодамнешно истражување кое вклучило 25.000 луѓе покажало дека иако левучарите не стануваат алкохоличари, тие најчесто навистина пијат повеќе од десничарите. 

“Нема докази дека левучарите се под поголем ризик додека пијат, па овие резултати не велат дека секој левучар лесно може да развие проблеми со алкохол. Сепак, статистиката вели дека процентуално, поголем дел од левучарите конзумираат алкохол, отколку што е тоа случај кај десничарите.” – велат од British Journal of Health Psychology. 

 

5. Левучарите имаат свој ден! 

Обележете ги своите календари – 13ти август е Меѓународниот ден на Левучарите.

Left Handers' Club го започна овој настан во 1992 година со цел да се зголеми свеста кај луѓето за левучарите. Веб-сајтот на групата вели дека “тоа е ден кога левучарите насекаде можат да ја слават својата различност и да покажат пред светот кои се предностите, а кои недостатоците од тоа.” 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

 10 интересни факти кои сигурно не ги знаете

 

 Интересни факти од полето на Географија

 

 Неколку Кока Кола факти

 

 

loading...
Loading...