Грција најде пет милијарди евра за плаќање да достасаниот долг

Грција во петокот ја покрена трансакцијата за плаќање на долгот кој денеска доспева за наплата, собирајќи ги потребните пет милијарди евра со аукцијата на трезорските записи претходно седмицава, пренесува AFP повикувајќи се на Агенцијата за управување со долгот.

„Плаќањето се одвива без проблеми, собрани се потребните пари“, изјава истиот извор за агенцијата, непрецизирајќи кога трансакцијата ќе биде извршена.
Поради одложувањето на исплатата за најновата транша од меѓународната финансиска помош, Грција, го премостила кусокот во касата со аукција на трезорските записи со рок за доспевања од три односно од еден месец. Така во вторникот собра околу 4 милијарди евра, а во четвртокот уште 938 милијарди евра.
Грчкиот премиер Антонис Самара минатиот месец предупреди дека на неговата земја на 16-ти ноември ќе и’ снема пари, доколку Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд веднаш не ја исплатат ослободената транша од кредитот.
Износот од 31,2 милијарди евра требаше да биде исплатен уште во јули, но исплатата беше суспендирана поради доцнењето со реформите и политичките неизвесности во Грција кои доведоа до предвремени парламентарни избори и нивно повторување.
Министрите за финансии на земјите од еврозоната во вторник ќе се сретнат за да разговараат за тоа која конечно на Грција ќе и’ биде исплатена оваа транша.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Грција шеста година ја чека рецесија

Милион Македонци ја посетиле Грција минатата година

Штрајк во Грција, центарот на Атина го обезбедуваат 4.000 полицајци

 

Пронајдете не на следниве мрежи: