Можеби нема да ви звучи вистинито, но според една студија жителите на Њујорк живеат многу подолго од останатите луѓе во Америка. Според истражувачите од Универзитетот во Вашингтон, во просек Њујорчани живеат околу 80,6 години – 3 години повеќе од жителите на останатите градови. Се смета дека тие ја покачиле границата така што ги забраниле транс-маснотиите, додале број на калории покрај секој оброк на менијата во рестораните и ја поттикнале физичката активност со изградба на повеќе патеки за пешаци и велосипедисти…
Но, сепак не мора да живеете во Њујорк за да имате подолг живот. Еве неколку предлози кои доколку ги почитувате, со сигурност ќе додадете многу години на вашиот живот:
Прескокнете ја супата, порачајте салата
Италијански истражувачи откриле дека доколку јадете барем 200 грама жив зеленчук дневно, можете да си додадете дури 2 години на вашиот живот. Готвењето ги намалува антиоксидансите во зеленчукот за околу 30%. Едноставна салата од исецкани црвени и зелени пиперки, броколи и моркови, не само што ќе ви додаде години, туку и ќе ви помогне при одржување на имунитетот и моменталното здравје.
Прекинете со пиењето шеќер
Пијалаците базирани на шеќер, на некој начин полека, но сигурно ве убиваат. Новите истражувања покажуваат дека овие пијалаци го зголемуваат ризикот за срцев удар. Истовремено е докажано и дека оние кои конзумираат барем 5 чаши вода дневно имаат 54% помала можност за појава на срцев удар, отколку оние кои пијат 2 или помалку чаши вода на ден.
Скршете неколку ореви
Кога истражувачите од Универзитетот Лома Линда ги следеле животните навики кај една популација која е позната по должината на живот (34.000 Адвентисти од седмиот ден), тие откриле дека оние кои јаделе ореви 5 дена во неделата живееле околу 2,9 години подолго од сите други луѓе на планетата.
Намалете ги калориите
Во 2008 година, Њујорк стана првиот град во кој мораше да ги пишува сите калории на менито во рестораните. Многу држави ја преземаа оваа одлична идеја, и тоа со многу добра причина.
Една понова студија од областа на психологијата на здравјето, открила дека доколку ни се видливи калориите за одреден оброк, ние потсвесно јадеме помалку. Сите ги знаеме ризиците од големото количество маснотии во телото: се зголемува ризикот за дијабетес, срцеви заболувања, удари и рак на дебелото црево. Истражувачите од универзитетот во Алабама откриле дека одржување на висок телесен индекс (од 25 до 35) може да ви го намали животот за околу 3 години. За здрав телесен индекс (BMI) се смета оној помеѓу 18,5 и 24,9.
Истражувајте ја вашата околина
Една интересна студија од 2011 година покажала дека зголемувањето на бројот на патеки за велосипедисти во градовите придонело поголем број луѓе да одат со велосипед на факултет/работа. Секако, доколку немате услови за возење велосипед, можете да организирате неделни пешачења или пак трчаjте редовно во најблискиот парк. Со редовна физичка активност можете да додадете и до 6,2 години на вашиот живот.
Редовно разговарајте со пријателите
Австралиски истражувачи откриле дека оние кои имаат најширок круг на добри пријатели со кои постојано се во контакт живеат најдолго. Дружењето може да ви додаде и до 7 години на вашиот живот.
Точно дека некои пријатели можат да ве наведат на „ризично“ однесување од време на време, но сепак пријателството понудува поголема заштита отколку штета. Поради тоа, пробајте да запознаете нови личности на факултет, понекогаш барајте совети од соработниците или пак, ако ништо друго, барем кажувајте му „здраво“ секое утро на вашиот сосед. На тој начин ќе имате многу години пред вас да си бидете благодарни еден на друг.
И за крај, не заборавајте дека постои живот и по пензионирањето
Во студија спроведена од Универзитетот Јејл на повозрасни лица, оние кои биле со позитивни погледи кон процесот на стареење живееле и до 7 години повеќе од оние кои сметале дека тоа ќе биде најлошиот и најстрашниот период од нивниот живот. Доколку веќе имате негативни мисли од овој вид, пробајте да ги намалите со волонтирање. Тоа ќе ви помогне повеќе да се цените себеси и да гледате малку попозитивно на животот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.