7 изненадувачки причини поради кои секогаш се будите уморни

Се чувствувате уморни иако спиевте цела ноќ? За да се чувствуваме одморени и подготвени за нов работен ден потребен ни е минимален сон од 6-8 часа. Ако често ви се случува да се разбудите уморни и без енергија иако сте спиеле цела ноќ без прекин постојат одредени причини кои можат да го предизвикаат уморот. Во продолжение откриваме кои се тие.
1. Анксиозност
Ако во последно време сте под стрес или постојано сте загрижени поради обврските и сè што ви се случува во животот можно е да сте анксиозни. Студиите покажале дека размислувањето на ваквите работи пред спиење може негативно да влијае врз сонот и да предизвика уште поголем стрес. Поради тоа настојувате да ја поминете вечерта колку што е можно помирно и порелаксирано.


2. Стрес
Стресот е една од најглавните причини поради која многу луѓе имаат проблем со здравјето и константниот умор. Иако стресот е неизбежен во животот, ако легнете во кревет со него тоа негативно ќе влијае на вашето ментално здравје и ќе предизвика анксиозност. Обидете се да се опуштите пред спиење и ви гарантираме дека ќе се разбудите поодморени и свежи.
3. Страшни филмови
Пред одењето во кревет никако не се препорачува да го окупирате умот со негативни мисли, а страшните филмови би можеле да го предизвикаат токму тоа и да оневозможат мирен сон. Од таа причина, настојувајте во текот на вечерта мислите да ги насочите на нешто позитивно. Слушањето музика или читањето лесна книга е одличен начин за насочување на мислите.
4. Доцна вечера
Иако многумина сакаат да јадат пред да заспијат, тоа е многу лоша навика. Лекарите советуваат да не се јаде барем 2 часа пред спиење, особено не се препорачуваат тешки оброци. Имено, нашето тело мора да ја свари таа храна, а ако желудникот биде оптоварен во текот на ноќта тогаш после будењето ќе се чувствуваме прилично изморено и без енергија.
5. Синдром на немирни нозе
Синдромот на немирни нозе е нарушување кое може да пречи во текот на спиењето, а да не знаете за тоа. Според процените, од овој синдром патат 5-10% од популацијата, а нешто почесто се јавува кај жените. Синдромот може да биде предизвикан од одредени лекови, дијабетес, па дури и од артритис. Ако мислите дека го имате овој синдром посоветувајте се со лекар.
6. Ноќна апнеа
Апнеата е уште едно нарушување кое може да се појави во текот на спиењето, а се манифестира како краткорочен прекин на дишењето од најмалку 10 секунди. Некои од најчестите симптоми на апнеа се грчење, често будење во текот на ноќта, суво и болно грло, умор, недостаток на енергија во текот на денот, проблеми со концентрацијата. Ова е сериозно нарушување и потребно е да се лекува бидејќи може да го зголеми ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.
7. Чкрипење со забите во сон
Чкрипењето со забите или бруксизам е нарушување кое се јавува во текот на спиењето, а во повеќето случаи е предизвикано од стрес, напнатост и анксиозност. Ако ова ви се случува често можно е поради тоа да се будите уморни бидејќи телото не може доволно да се одмори. Оваа појава кај повеќето луѓе е минлива, а поминува сама од себе кога ќе се ослободиме од напнатоста и стресот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.