7 намирници што може да ви помогнат во борбата против целулитот

Дури 80-90% од жените може да добијат целулит во одреден момент од животот. Иако постојат многу медицински начини за отстранување на целулитот, како што се ласерска терапија или операција, сите тие се прилично непријатни и скапи. Најлесниот начин да се борите против целулитот е да инвестирате во хранливи и здрави намирници од кои целото тело ќе има корист.
1. Диња

Дињата е околу 91% вода и функционира како диуретик.
Едно неодамнешно истражување откри дека сокот од диња може да ги намали дупките на бутовите. Четириесет жени на возраст од 31 до 50 години пиеле сок од диња во текот на 56 дена и изгубиле значителна количина целулит во таа област. Дињата не содржи маснотии и холестерол и може да ви помогне да ја задоволите желбата за благо.
2. Темно чоколадо
Темното чоколадо содржи антиоксиданти. Антиоксидантите го активираат распаѓањето на маснотиите што придонесуваат за појава на целулит. Тие го активираат протокот на крв помагајќи да се намалат дупките на кожата.
3. Шафран


Шафранот има антиинфламаторни својства што може да ја подобрат циркулацијата на крвта и да го спречат растењето на масните клетки.
Шафранот може да го направи целулитот помалку видлив. Исто така, го зголемува мускулниот тонус под кожата и ги отстранува нерамнините на површината. Како резултат на тоа, добивате помазна кожа.
4. Боровинки
Боровинките се одличен извор на антиоксидант познат како антоцијанин.
Боровинките ги спречуваат маснотиите да се претворат во холестерол. Тие го подобруваат протокот на лимфата и ги елиминираат токсините што помагаат во создавањето на целулитот. Исто така, тие помагаат во обновување на клетките и во подобрување на изгледот на кожата.
5. Кајен пиперки


Овие пиперки ги активираат механизмите за согорување на маснотиите во телото.
Тие ги отстрануваат токсините што се насобираат во масните клетки под кожата и предизвикуваат појава на целулит. Кајен пиперките може да помогнат во обновата на здравото ткиво што ја прави кожата да изгледа помазна. Овие пиперки содржат витамин Б6 кој помага да се обнови сврзното ткиво.
6. Лук
Лукот го зголемува протокот на крв и ја подобрува циркулацијата.
Исхраната богата со лук може да му помогне на телото да се ослободи од токсините шт
о предизвикуваат кожата да изгледа какао кора од портокал.
7. Киноа


Киноата помага да се разложат масните клетки што се одговорни за формирање целулит.
Таа помага при согорување на вишокот маснотии во организмот и може да ја намали акумулацијата на масните клетки. Минералите во киноата го зголемуваат производството на колаген, ја зајакнуваат кожата и ја подобруваат еластичноста на површината на кожата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.