7 необични работи кои ги возбудуваат мажите

Мислите дека вртоглаво високите потпетици се доволни за да го поматите нивниот разум? Па …во право сте. Но, постојат и некои сосема неочекувани нешта на кои момците се “палат” …
Еве некои моменти кои ги сметаат за неодоливи, а за кои вие најверојатно не би ни ги претпоставиле!
  “Мислам дека е страшно секси кога мојата девојка легнува во кревет со шминка и наредното  утро се буди, со малку црни дамки под очите. Тоа и дава мистериозен и малку непослушен изглед. “- Бојан, 26
“За време на сексот, ако премногу зборувам или викам, мојата свршеница буквално ми ја затвара устата со рака, што ме прави мене уште повозбуден. Сакам што, без двоумење, го покажува она што таа го сака. “- Марко, 32
“Иако е одлично кога една девојка се грижи за нејзиниот изглед, стомачни a la нинџа желки не се ни малку привлечни. Меко стомаче е многу посекси поради тоа што изгледа женствено. “- Горан, 24
“Јас имав една девојка која изгледаше сосема смирено, но повремено имаше испади на лудило, па облекуваше секси корсети и ставаше уметци во нејзината коса. Така јас се чувствував како да легнувам со некоја сосема нова девојка “-. Дејан, 32
“Обожувам како мојата девојка изгледа кога се враќа од аеробик. Таа мисли дека изгледа страшно, но за мене нејзиното испотено тело и разбушавена коса  ми изгледаат толку секси. “- Јован, 32
“Кога една жена се смее за време на секс е многу возбудливо, бидејќи знам дека се забавува. Ниту еден човек не сака девојка која е секогаш сериозна и нежна. “- Дарко, 29
“Кошаркарски дрес изгледа невидено секси на девојка. Тоа е традиционално машко парче облека, но на девојка изгледа прилично кул и спортски. “- Огнен, 23
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24. 
 Мислите дека вртоглаво високите потпетици се доволни за да го поматите нивниот разум? Па …во право сте. Но, постојат

Пронајдете не на следниве мрежи: