7 Beauty производи кои вредат да ги купите поскапо

Парите не се секогаш мерило за квалитетот, но некои козметички производи вреди да се поскапи и квалитетни. Тоа е народно правило за одредени производи за разубавување кои вредат да се платат повеќе бидејќи подобро ќе ве служат. Еве на кои 7 beauty производи не треба да штедите.1. Регенератор за коса
Регенераторот е всушност емулзија која содржи уље или восок кој не се меша со вода. Тоа значи дека тие состојки што ја хранат косата и ја прават здрава и поубава, водата нема да ја измие туку косата ќе ја упие веднаш штом регенераторот кратко ќе одстои на косата.
 2. Течна пудра
Кожата на лицето е посебно осетлива, па токму поради тоа, а и поради естетиката, најдобро би било да се става само квалитетни производи. Освен тоа, поскапите течни пудри повеќе одговараат на природната боја на тенот, подобра е текстурата и подолго траат на кожата.
 3. Камена пудра или пудра во прав
Освен ако не користете безбоен прав, немојте да штедите на пудрата во прав или камената пудра, посебно ако таа е вашата единствена подлога за шминка. Квалитетната пудра ќе ви даде беспрекорен изглед, подолго ќе трае на кожата и ќе го трошите многу помалку отколку прав кој не е толку квалитетен.
 4. Сенка за очи
Скапата сенка за очи подобро одговара на капаците, поубаво се нанесува и боите се побогати. Одредените бои како темно плавата и виолетовата, потребно е да се стави повеќе пигмент поради што тие обично се и поскапи.

 
 5. Кармин
Поскапите кармини се кремави и повеќето од нив содржат екстракти и витамини кои го спречуваат размачкувањето. Кога ќе ја најдете нијансата која вам ви одговара, ќе бидете уште поодлучни да дадете повеќе пари за квалитетен и убав кармин.
 6. Руменило
Пигментите во руменилото се слични на оние во сенките за оци. Колку е руменилото поевтино, толку е помала веројатноста пигментите да се разредени со други состојки. Освен тоа, повеќето ефтини руменила не моѓат убаво и правилно да се нанесат.
 7. Туш за очи
Врвот на тушот не смее да биде мек бидејќи така тешко ќе можете да направите рамна црта на капакот на окото. Кај овој производ вреди правилото колку тушот е поскап, толку црнилото е помеко и се нанесува попрецизно.1. Регенератор за коса
Регенераторот е всушност емулзија која содржи уље или восок кој не се меша со вода. Тоа значи дека тие состојки што

Пронајдете не на следниве мрежи: