петок, 27 ноември 2026
Најново

70 ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ НА ПОМОШ КАЈ ПОПЛАВЕНИТЕ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Овој вторник, Општина Карпош  испрати 20 члена екипа во поплавените подрачја, составена од Единицата за заштита и спасување, која функционира во рамките на локалната самоуправа.  Стручната екипа се упати на терен и помага во санирање на штетите со комплетна опрема специјализирана за вакви кризни ситуации. Дополнително, Општината испрати и пет градежни инженери за проценка на штети.Од утре, (петок), дополнителни 50 вработени лица од Општина Карпош  ќе се распоредат во поплавениот кризен реон, по 25 лица во Стајковци и 25 во Маџари. Административците ќе бидат опремени со „скип“ булдожер и со кипер, и ќе одат како засилување во санирање на штетите и расчистување на теренот и куќите во поплавените места.
Според хиерархија на законските приоритети, Градот Скопје, Општина Гази баба и Владата на Република Македонија се првостепено надлежни во пружање на помошта за реонот кој го зафати водената стихија. Општина Карпош, како и останатите локални самоуправи ќе помага освен со човечки ресурси, со материјални средства и со финансиска помош, како и со прибрана хуманитарна помош. Од утре, (петок), дополнителни 50 вработени лица од Општина Карпош  ќе се распоредат во поплавениот кризен реон, по 25 лица во Стајковци и 25

Поврзани вести