Седи Трпе со тројца другари во кафана. После 5-6 пива отишол во ВЦ а овие тројца продолжиле со муабетот…
– Да ви кажам, син ми се занимава со недвижнини и супер му оди бизнисот, толку добро што на најдобриот другар му купил стан.
– Син ми пак работи брокер на берза и е толку добар што на другар му му дал за роденден едно чудо акции.
– И мојот син е многу успешен бизнисмен. Се занимава со дилање на коли и на некој другар му подарил нов Мерцедес.
Во меѓувреме се враќа Трпе од ве-це. – Трпе дај кажи што прави твојот син во животот?
– Абе што да кажам… син ми игра на шипка во геј бар ама добро му е… баш деновиве ми кажа дека добил нова кола, стан и многу акции на берза
Пронајдете не на следниве мрежи: