Д’ Антони: Оваа екипа е створена за победи

Екипата на ЛА Лејкерси го променија тренерот, на клупата на овој тим седна Мајк Д‘ Ентони кој им се претстави на навивачите и најави дека дебито ќе го има во недела, е не во петок.

Мајк веќе го одработи тренингот со Лос Анџелес Лејкерси, а во јавноста беше претставен како нов тренер. Најави дека нема да ја води екипата против Феникс Санс, на клупата ќе биде во недела кога неговите играчи ќе им се спротистават на кошаркарите на Хјустон Рокетс.

„Оваа екипа е створена за да победува. Имаме зацртани цели и ќе се обидеме да ги оствариме“ вели Д’Ентони.

„Им кажав на моите играчи доколку немамепросек од 110 или 115 поени по натпревар, тогаш ќе мораме сериозно да разговараме. Тоа е наша цел, и таа мораме да ја оствариме“ беше коментарот на новиот тренер на ЛА Лејкерси, Мајк Д’ Ентони.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Фудбалерот на Арсенал Сеад Хајровиќ во интервју за „Пулс24“: Сеуште имам време да размислам за Македонија!!!

 

 

 

 

 

 

 

Борко Ѓорѓиев за „Пулс24“: Сеуште никој не ме повикал да играм за Македонија

 

 

 

Фото: Тоа не е чудо, тоа е новиот миленик на македонската публика… АГИМ ИБРАИМИ!!!

Пронајдете не на следниве мрежи: