Гвардиола ја напуштил Барселона поради играчите

Бекот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, 29-годишниот Дани Алвеш ги открива причината поради којашто тренерот Хосеп Гвардиола го напушти „Камп Ноу“.

„Пепе го напушти клубот поради нас играчите. Гвардиола рече дека ќе замине од клубот кога веќе нема да го слушаме. На теренот не реагиравме добро на неговите замисли, не ги правевме работите како што требаше и затоа се чувствуваме одговорни за неговото заминување“, ја открива бразилскиот интернационалец мистеријата за заминувањето на Гвардиола од Барселона, каде што ги постигна најголемите ирачки и тренерски успеси.
Алвеш дојде во Барса во 2008 година од Севиља, а досега одигра за каталонците 221 меч и постигна 15 голови.
Гвардиола ја напушти Барселона летово, а претходните четири години ги мина и стана најтрофејниот тренер во историјата на клубот. Освои вкупно 16 титули, од кои две во Лигата на шампионите, како и шест титули шампион на Шпанија.

Макфакс

погледнете ги следниве статии

Агентот на Гвардиола на преговори со челниците на Милан

Галијани го доведува Гвардиола во Милан

Гвардиола сепак во Манчестер Сити

 

Пронајдете не на следниве мрежи: