Готовина не очекувал ослободителна пресуда

Хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, кои денеска беа пуштени на слобода, попладнето пристигнаа во Загреб, каде им беше приреден пречек од над 50.000 граѓани.

Водени топови и сирени го дочекаа авионот од Ротердам, а хрватските медиуми јавуваат дека обезбедувањето билo на исто ниво, кога своевремено во Загреб пристигна тогашниот американски претседател Џорџ Буш.
По излегувањето од авионот Готовина им се обрати на бројните новинари, при што рече дека не очекувал ослободителна пресуда,  додавајќи дека се чувствува извонредно.
Двајцата генерали потоа се упатија на Плоштадот бан Јелачиќ, каде што голем број нивни приврзaници сакаа да ги прегрнат и поздрават.
„Среќни сме што сме со вас вечерва заедно. Ова е наша заедничка победа. Беше бура во војната, а ова е правна бура. Победивме. Војната му припаѓа на минатото, да се завртиме кон иднината“, рече Готовина.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Давор Шукер и ХНС ги повикаа Готовина и Маркач на мечот со Србија

Незадоволство во Србија по ослободувањето на Готовина и Маркач

Хаг ги ослободи хрватските генерали Готовина и Маркач

Пронајдете не на следниве мрежи: