Кога вашите мисли се претвараат во “музика”

Loading...

Научниците со помош на врвната технологија успеаа да “преведат” две врсти на мозочни бранови во музика, која е посебна и единствена за секој мозок. Се верува дека ова таканаречено преведување би помогнало и во лечењето на разноразни болести.

 

Комбинирајќи повеќе податоци за мозокот собрани со помош на EEG магнетната резонанца, тим на кинески научници при универзитетот за Електронски науки и технологии пронајдоа начин како некои од огромниот број на мозочни бранови да ги претворат во музика, притоа со детално анализирање пресметувајќи и креирајќи ги висината и интезитетот на тонот, како и самиот ритам.

Според научниците, музиката го предизвикува уметничкото функционирање на мозокот, притоа служејќи како платформа помеѓу музиката и мозокот.

 Jing Lu еден од предводниците на овој тим на научници истакна дека овој начин би можел да користи за подобро поставување на дијагнозите при заболувања на мозокот, додавајќи дека мозокот е најголемата неистражена територија за којашто уште многу незнаеме или не би разбрале.

 

Погледнете ги следниве статии

 Митови за човечкиот мозок

 

 

 

 

 

 

 

 Маж во вегетативна состојба комуницира со докторите преку МР

 

 

 

 

 

loading...
Loading...