Над 30 приведени во Солун и Патра

Loading...

Повеќе од 30 луѓе се приведено во безредијата коишто се случиле ноќта кон неделата во градовите Солун и Патра, соопштија грчките медиуми.

Низ цела Грција во саботата навечер беше одбележана 39-годишнината од крвавиот студентски бунт на студентите од Политиехничкиот универзитет во Атина против хунтата во Грција предводена од ткн „црните полковници“
Во Солун безредијата започнале откако по протестот на повеќе илјади луѓе, припадници на анархистичка група почнале да фрлаат врз полицијата со молотови коктели и да уништуваат објекти на меѓународниот саем во Солун. За да ги растера анархистите, полицијата употребила солзавец. На крајот, полицијата извршила упад на Универзитетот во Солун, каде што се забарикадирале анархистите, при што биле уапсени 23 лица.
Во Патра, во западна Грција, група маскирани млади луѓе запалиле филијала на банка и неколку автомобили. Полицијата употребила солзавец, што предизвикало протести на мирните демонстранти, коишто ја одбележуваа годишнината од студентските немири. Од оние кои учествувале во немирите биле уапсени 10 лица.

Во Атина поворката на илјадници луѓе мина без инциденти. Демонстрантите традиционално маршираа до амбасадата на САД во Грција коишто ги обвинуваат за поддршка на хунтата пред 40 години. Потоа демонстрантите комунисти по убедувањето со полицијата да ги отстранат бариерите на патот, минаа и пред амбасадата на Израел, за да протестираат против воената операција во Појасот Газа. Демонстрациите во Атина ги обезбедуваа неколку илјади полицајци.

Макфакс

loading...
Loading...