Македонија со познати противници

Македонската кошаркарска репрезентација ќе игра во групата Б против репрезентациите на Литванија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Летонија и Србија, во рамки на квалификациите за Европското првенство што ќе се игра во Словенија.

Ова е исходот на жребањето во сабота попладне во Постоинска јама во Словенија.
Во групата А ќе играат Франција, Велика Британија, Германија, Украина, Белгија и Израел, додека во групата Ц силите ќе ги измерат Шпанија, Словенија, Хрватска, Полска, Грузија и Чешка.
Во групата Д ќе играат Русија, Грција, Италија, Финска, Турција и Шведска.
Евопското првенство почнува на 4 септември 2013 година. Од секоја група во вториот круг поминуваат првите три екипи.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: