Во БиХ почина мајката која одби терапија за да роди

Loading...

Триесет годишната жена од градот Приједор во Босна и Херцеговина која одби цитостатска терапија за тумор за да успее до крајот да ја изнесе бременоста, почина точно 39 дена откако роди здраво момченце малку по полноќ кон неделата на одделот за интензивна нега на клиниката за гинекологија.

Од клиничкиот центар во Бања Лука во недела соопштија дека Јелена Трикиќ од починала на одделението за интензивна нега на клиниката за гинекологија
Кај Трикиќ во 2007 година бил констатиран тумор на мозокот. Потоа била подложена на две комплицирани операции кои не довеле до очекуваното подобрување, но таа сепак во меѓувреме се решила за бременост.
Кога лекарите и препорачале терапија со цитостатици како единствено решение за продолжување на лекувањето, но со ризик од спонтан абортус, Трикиќ тоа го одби решавајќи се да се бори за детето.
Точно 39 дена пред да почине, таа роди син тежок 1.972 грама, кому му го даде името Никола.
Локалните медиуми Јелена Трикиќ ја нарекуваа „Мајката храброст“, потсетувајќи дека станува збор за жена голем борец, бидејќи и откако ѝ била констатирана тешката болест се решила да запише Економски факултет и на него да дипломира на почетокот од оваа 2012 година.

Макфакс

loading...
Loading...