Дачиќ предупредува дека позицијата на Србија е ослабена

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, смета дека позицијата на Србија е ослабена по пуштањето на слобода на хрватските генерали од Хаг, Анте Готовина и Младен Маркач.

„Србија мора да сфати фека вакви одлуки на Хашкиот трибунал се со тешки последици за државата. Многу е ослабена позицијата на Србија кога станува збор за односите кон тужбите кои ги поднесоа Хрватска и Србија една против друга“, рече Дачиќ за телевизијата „Pink 2“.
Според Дачиќ, Хрватска веројатно повеќе нема ниту да смее да оди на порамнување, односно на меѓусебни отстапки, затоа што нема зошто тоа да го направат кога имаат пресуда.
Евентуална ослободителна пресуда за Рамуш Харадинај во Хаг, ќе ја отежне државната политика на Србија која оди кон регионално помирување.
За дијалогот меѓу Белград и Приштина, Дачиќ вели дека Србија сака да го реши проблемот со Косово и дека е подготвена да постигне договор за да уважат легитимните интереси на Србија и на Албанците.
Меѓутоа, според него, би било илузорно да се очекува по три или десет часа разговор со Хашим Тачи да се реши ситуацијата и додава дека самиот факт дека дошло до разговор е чекор напред во односите.
„Ваква една ситуација на постојани разговори, парцијални, поединечни не е добра затоа што сите овие прашања ќе бидат решени само од себе за две минути ако се реши статусното прашање“, вели Дачиќ.
За Косово смета дека во моментот немаат соговорници од другата страна затоа што тие не сакале за тоа да разговараат измислат дека статусното прашање е решено.
„Мислам дека на сите им е јасно дека овој проблем не може да заврши со решение кое е прифатливо за Србите“,рече Дачиќ.
Смета дека единствено орудие за решение се Обединетите нации.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: