Вашиот накит направете го дел од вашата гардероба

Loading...

Петар Пан ѓерданите кои потсетуваат на таканаречените јаки (составен дел од секоја кошула, маица и сл) за кратко време постанаа незаборавен детал кој е лесен за комбинирање, како и за изработка, притоа имајќи ја можноста за ексцентрични, едноставни, и елегантни модели.

Ѓердани, кои не припаѓаат на ниеден специфичен стил, па поради тоа и постанаа едни од најбараните детали за пробразата на спортските модели во елегантни кошули.

Одлични се за тенки и дебели џемперџиња како и секаков модел на фустани.

Во прилог прочитајте неколку инструкции како да си го изработите модниот додаток, која секоја девојка би требало да го има.

Како за почеток би можеле да направите “неправилно” исечена јака. Добиениот облик ставете го на материјалот кој го имате избрано, без разлика дали тоа би било некоја имитација на кожа или кариран мотив, притоа сечејќи го посакуваниот облик.

По сечењето, рабовите зашијте или залепете ги со некоја украсна трака за врзување, секако во зависност од дизајнот.

Добиениот моден детал и накит во зависност од вашиот избор на материјал и модел секако можете да го надополните и со некој дополнителен украс.

Во моментот најактуелни се ѓерданите со бисери и таканаречените шљокици или светки

Видео број 1

Видео број 2 

 

loading...