Аренас се пресели во Кина

Поранешната НБА ѕвезда, Гилберт Аренас, оваа сезона ќе ја мине во екипата на Шангај Шаркс, соопшти кинескиот клуб на својата интернет страница.

Поранешниот плејмејкер на Вашингтон во првенството на Кина ќе игра за тимот на Јао Минг, кој е поранешен играч на Шангај Шаркс и Хјустон, кој поради зачестените повреди ја заврши кариерата.
Аренас, потпишал едногодишен договор, во кинеската лига тој ќе им се придружи на поранешните НБА играчи, Стефон Марбери и Трејси Мекгрејди, кои оваа сезона исто така ќе ја минат во Кина.
Кинеското првенство во кошарка ќе стартува во сабота.
Аренас во кариерата има играно за Голден Стејт, Вашингтон, Орландо и Мемфис.

Mакфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: