Компанијата Satisfly вели дека има развиено систем кој има капацитет “интелигентно” да ги распоредува местата за седење на патниците. Тоа значи дека секој патник покрај себе би имал личност која во одредена смисла е компатибилна со него. Сепак, некои од овие патници веројатно нема да имаат среќа, па затоа да погледнеме кои се најлошите случаи кои можете да ги добиете покрај себе кога пилотот ќе каже да се подготвите се полетување.
1. Зомби
Овие “суштества” често изгледаат како да се од друга планета, воглавном бидејќи поминале низ безброј временски зони. Неговото патување се базира на станување до тоалет, а потоа враќање на своето седиште и повторно “паѓање во несвест”. Потоа следува потпирањето на главата на вашето рамо. Внимавајте, ако заспиете и вие, би можеле да се разбудите во неговата прегратка.
2. Огромен моторџија
Препознатливата брада, кожна јакна, најгласната можна музика (по можност death metal) на MP3 player… Акордите ќе одѕвонуваат не само во неговата глава, туку и во вашата. Се разбира, со текот на времето, ќе започне да ја окупира вашата територија, а вие нема да смеете да кажете ништо за да сочувате жива глава.
3. Дива
На почетокот, оваа сопатничка ќе ви делува фина. Но набрзо целиот шарм се губи, па почнувате да ја мразите нејзината самоопседнатост, нејзините разговори за зависност од секс со поранешното момче, импровизирани “интелигентни” разговори за разни психолошки нарушувања итн. Ќе побарате авионот да слета побрзо.
4. Шармер
Никогаш нема да ги земе во предвид вашите интереси за разговор, но во секој момент ќе се обидува да се наметне како најгласен, нагласувајќи притоа колку е најубав, најпаметен итн. Отпорот е бескорисен, тој никогаш нема да престане. Ако сте жена, а тој сака да има секс со вас – ќе го имате најлошиот лет во вашиот живот. А ваквите секогаш сакаат да имаат секс со вас.
5. Агресивен пијаница
Свиткан во кебе, овој “мистериозен странец” со одврзана вратоврска и крвави очи пие 24/7. Во комбинација со виски/пиво/вино или некој друг алкохолен пијалок, секогаш има коктели од кафе и некој енергетски пијалок за да го одржуваат буден. Низ целото патување, вие се обидувате да не паничите, се тешите дека има и полошо нешто од човек кој ќе збесне во авион (каде што немате каде да избегате) – само се надевате дека пилотите нема да му згрешат ништо, бидејќи тогаш работата навистина може да тргне на лошо.
6. Вознемирен
Човекот кој мора постојано да станува, да оди до тоалет, да ги протегнува нозете… а, се разбира, тие секогаш го добиваат местото покрај прозорецот.
Пронајдете не на следниве мрежи: