Видео: Пинк ги покажа своите вештини

Пејачката Пинк, со својот настап на 40 доделување на American Music Awards во Лос Анџелес, ги воодушеви присутните. Таа заедно со својот партнер за танцување – Кот Пратес, изведе разни акробации што нејзините фанови имаа прилика да ги погледнат во новиот спот за песната Try од албумот The Truth About Love.

Телото и беше покриено со шарени бои и беше боса. Со танцот тие ја опишаа љубовната приказна што се раѓа меѓу двајца партнери на почетокот на врската. Нејзината мајка останала без текст кога го видела спотот. Пинк на доделувањето на наградите пристигна со својот сопруг Кери Харт и нивната ќерка Вилоу.

Пронајдете не на следниве мрежи: