Клиперси победија во Сан Антонио, Вашингтон сеуште без победа

Екипата на Денвер стави крај на серијата од осум победи која ја имаше Мемфис. Денвер како гостин забележа победа со 97:92.

Италијанскиот репрезентативец Данило Галинари со 26 поени и 13 скокови беше најзабележителниот играч на Денвер, во домашниот тим со 22 поени се истакна Руди Геј.
Голден Стејт, по дополнителните пет минути го совлада Далас со 105:101, натпреварот во регуларниот дел заврши 90:90. Стивен кари со 31 поен беше најпрецизен кај победниците, додека кај Далас, О Џеј Мејо реализира 27 поени.
Хјустон, во Солт Лејк Сити, го забележа седмиот пораз на последните девет натпревари. Јута забележа победа над Хјустон со 102:91, Гордон Хејвард со 15 поени, односно Редни Фој и Ал Џеферсон со по 14 поени беа најефикасни кај Јута, додека Хјустон во чии редови Џејмс Харден постигна само шест поени, го предводеше Џереми Лин со 13 кошеви.
Индијана како гостин го победи Вашингтон со 89:96, екипата од главниот град по девет натпревари сеуште нема победа. победи на домашен терен запишаа Шарлот против Милвоки 102:98, односно Атланта над Орландо 81:72.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: