Висок пораз на Куманово во БИБЛ лигата

Loading...

Кошаркарите на Куманово забележаа висок пораз од Морнар, во рамките на БИБЛ лигата. Во Бар, домаќинот Морнар забележа победа над Куманово со 92:71(22:19, 21:21, 24:17, 25:14).

Македонскиот репрезент во Балканската лига, против Морнар беше конкурентен само во првото полувреме, во вториот дел целосно се распадна системот на играта на Кумановци, по што црногорскиот тим стигна до убедлива победа.
Урош Луковиќ беше најдобар играч на натпреварот, тој оствари ‘дабл-дабл’ учинок од 22 поени и 14 скокови. Покрај него кај Куманово со двоцифрен ефект натпреварот го завршија Марјан Јаневски (17 поени) и Марјан Младеновиќ (11 поени).
Вукота Павиќ со 22 и Мирослав Дамјановиќ со 19 поени беа најекспонираните играчи на Морнар.
Куманово по пет одиграни натпревари, во А групата има три победи и два порази, додека Морнар ја забележа првата победа, откако претходно имаше четири порази.
Куманово во следното коло на домашен терен ќе го пречека Галил Гилбоа, натпреварот ќе се одигра на 4. декември.

Макфакс

loading...
Loading...