По лошата форма на неговиот тим во последните неколку натпревари, а особено по вчерашниот пораз од Јувентус со 3:0 во Торино, на Роберто Ди Матео му беше врачен отказ и тој повеќе нема да биде тренер на сините од Лондон.
Италијанецот победи во 24 од 42-та натпревари додека беше на чело на стручниот штаб на Челзи, но се чини дека поразот од Јуве беше премногу за Абрамович, бидејќи сега Челзи е во сериозна опасност од испаѓање од Лигата на Шампионите уште во групната фаза. Ова е неприфатливо, со оглед на тоа што Челзи е актуелен европски шампион.
“Последните резултати на тимот не се доволно добри, па сопственикот и одборот решија дека промена на тренерското место е потребна за да клубот продолжи да се движи во вистинска насока, особено сега кога стигнавме до ваков клучен дел од сезоната.” – пишува на веб-сајтот на Челзи.
Клубот сега се соочува со тешка мисија да се квалификува во нокаут фазата од Лигата на Шампионите, како и одржување во трката за освојување на Премиер лигата.
“Нашата цел е да останеме во конкуренција на сите фронтови. Сопственикот и одборот би сакале да му се заблагодарат на Roberto за се што направи за клубот откако дојде на тренерската позиција во март. Тој не одведе до историски триумф во Лигата на Шампионите, како и до седмиот трофеј во ФА купот. Никогаш нема да го заборавиме неговиот огромен придонес за историјата на овој клуб, и тој секогаш ќе биде добредојден на Стемфорд Бриџ. Клубот набрзо ќе даде изјава за пополнување на тренерското место.”
Пронајдете не на следниве мрежи: