Докузовски со Лукоил го чека Билбао, Војдан со Доњецк против Трефл Сопот

Три натпревари го отворија третото коло, во второто квалитативно кошаркарско натпреварување во Европа, Еврокупот.

Најголем дел од дуелите во третата рунда ќе се одиграат во среда.

Македонските репрезенти во ова натпреварување се тренерот Марин Докузовски (Лукоил Академик) и Војдан Стојановски (Доњецк). Докузовски, чија екипа по првите две кола има победа и пораз, во третата рунда ќе има исклучително тешка задача.

На Лукоил ќе му гостува тимот на Билбао, еден од фаворитите за освојување на титулата во Еврокупот. Војдан Стојановски со Доњецк, првата победа, ќе ја брка на домашен терен во дуелот со Трефл Сопот.

На натпреварите кои го отворија ова коло, само Валенсија забележа победа на домашен терен. Шпанскиот преставник го прегази германскиот Вирцбург со 33 поени разлика. Најефикасен играч кај Валенсија беше Делман со 31 поен.

Будуќност, во Белгија, кај Шарлроа ја забележа втората победа во групата. Во натпревар, во кој доминираа одбраните, црногорскиот тим до победата го предводеше Бост со 13 поени.
Цибона, го забележа третиот пораз во Еврокупот, вкупно 19-ти последовен во европските купови, откако загуби од Шоле. Најефикасен играч на натпреварот со 20 поени беше кошаркарот на Шоле Гори.

Група А:
Преинаи-Нимбурк
Хапоел Ерусалим-Будивељник

Група Б:
Шарлроа-Будуќност 53:66
Лукоил Академик-Билбао

Група Ц:
Рига-Триумф
Артланд Драгонс-Ле Ман

Група Д:
Валенсија-Вирцбург 97:64
Банвит-Азомваш

Група Е:
Локомотив Кубан-Галатасарај
Доњецк-Трефл Сопот

Група Ф:
Паниониос-Уникс
Остенде-Стелмет

Група Г:
Цибона-Шоле 90:95
Спартак Санкт Петербург-Улм

Група Х:
Црвена ѕвезда-Динамо Сасари
Орлеан-Кахасол.

Пронајдете не на следниве мрежи: