Д’Антони дебитираше со победа

Во ноќта помеѓу вторникот и средата, во НБА лигата се одиграа три средби, победи забележаа екипите на ЛА Лејкерс, Њујорк и Филаделфија.

Мајк Д’Антони, својата ера како тренер на ЛА Лејкерс ја започна со победа. ‘Езерџиите’ го победија Бруклин со 95:90, што е нивна петта победа, на последните шест натпревари.
Коби Брајант постигна 25 поени, додека Двјат Хаурад забележа двоен ефект од 23 поени и 15 скокови. Овие двајца голема помош добија од Пау Гасол (17 поени, 11 скокови и 7 асистенции).
Најдобри кај Бруклин беа Дерон Вилијамс (20 поени и 10 асистенции) и Брук Лопез (23 поени и 7 скокови).
Играчите на Њујорк, против Њу Орлеанс, ја забележаа осмата победа, во деветтиот натпревар сезонава. Никси победија со 102:80, благодарение на учинокот на Кармело Ентони (29 поени, 6 скока, 4 асистенции). Во екипата на Њујорк по 15 поени постигнаа Џеј Ар Смит и Рејмонд Фелтон.
Кошаркарите на Филаделфија против Торонто ја забележаа третата последовна победа. ‘Сиксерси’, предводени од Ник Јанг (24 поени), Џејсон Ричардсон (21 поен) и Џру Холидеј (19 поени, 12 асистенции и  8 скока) го совладаа Торонто со 106:98.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: