Еден од најдобрите и најубавите супермодели на сите времиња Синди Крафорд, која со својата класична убавина и совршени облини ги одбележи деведесетите, но и денес после 26 години успева да остане запаметена благодарение на својата убавина, по својата едноставност ви нуди неколку совети за секогаш да изгледате тренди и со стил…
Основното парче облека која совршено и прилега на совршено обликуваното тело на Синди Крафорд, а со време стана нејзиниот заштитен знак се фармерките.
Едноставните фармерки или тесни панталони, во комбинација со бела памучна маица се совршени за извршување на дневните обврски, но со неколку модни додатоци можете да креирате имиџ која секоја жена го посакува.
Оптималните потпетици кои личат на кратки чизмички во коњак боја, Синди совршено ги комбинира со голема чанта во иста боја и елегантна марама која може да биде во поинаков стил.
Синди Крафорд со години не се откажува од своите омилени пилотски очила за сонце. Таа нив не ги користи за да се скрие од љубопитните погледи туку за истакнување на класичниот стил кој е нејзин заштитен знак. Со ова но и со многу други начини таа докажува дека не е жртва на модните трендови.
Пронајдете не на следниве мрежи: