Еразмус студентска мрежа – Македонија

Loading...

Еразмус студентска мрежа- ЕСМ (ErasmusStudentNetwork- ESN) е една од најголемите интердисциплинарни студентски организации во Европа. ESNфункционира по принципот SHS(studentshelpingstudents).

Еразмус студентска мрежа Македонија (ЕСМ Македонија), ја претставува Еразмус студентската мрежа во Република Македонија, која функционира од 2007 година, кога била и одобрена на Годишното Генерално Собрание (AnnualGeneralMeeting) во Прага, Чешка. 

Од тогаш ЕСМ Македонија се обидува да го пренесе европскиот дух и да обезбеди интернационализација на студентите кои не се во состојба да заминат во странство. Во исто време се шири македонската култура низ цела Европа. Бидејќи станува збор за интердисциплинарна организација, можете да ги стекнете вештините со кои одсекогаш сте сакале да се здобиете, едноставно Вие ја бирате насоката на Вашето напредување.

ЕСМ Mакедонија била домаќин на 3 интернационални настани. Првиот е CNR (Council of National Representatives – Совет на национални претставници) Скопје, 2009 година, вториот бил билатерална соработка меѓу ЕСМ Македонија и ЕСМ Словенија, одржан под слоганот BBB (Be active, Be creative, Be innovative). Третиот интернационален настан NBM Skopje (National Boards Meeting), се оддржа пред околу месец и половина под слоганот We don’t make an event, we make memories.

Во состав на ЕСМ Македонија, постојат три официјални сектори, ЕСМ Скопје, ЕСМ ФОН Универзитет и ЕСМ Универзитет Американ Колеџ Скопје. Членови можат да бидат сите студенти. Со членството добивате ESNCard, со која добивате попусти низ цела Европа и во земјава.

За повеќе информации или ако сакате да станете член:

[email protected]

loading...