недела, 15 ноември 2026
Најново

Албанскиот екс-разузнавач Кумбаро доби 15 години затвор

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Судот за тешки кривични дела во Албанија го осуди во отсуство поранешниот шеф на албанската тајна служба, Илир Кумбаро на 15 години затвор за исчезнувањето на бизнисменот од Македонија Ремзи Хоџа пред 17 години во Тирана.

Судот ги ослободи од обвинение поранешните инспектори на ШИШ, Арбен Севѓини и Авни Колгаши.
Повеќе од четири години траеше судскиот процес околу исчезнувањето на Ремзи Хоџа. Тој исчезна во октомври 1995 година со грабнување од страна на агентите на ШИШ, а потоа бил пренесен и мачен од агентите во Ваин кај Лежа. Се претпоставува дека е убиен, но непознато е каде е закопано неговото тело.
Илир Кумбаро беше откриен пред три години во Велика Британија, по што Албанија побара негова екстрадиција.

Макфакс

Поврзани вести