Евролига: Убедливи победи на екипите на Мекејлеб и Антиќ

Македонските интернационалци кои настапуваат во кошаркарската Евролига, во четвртокот, со своите екипи, ги одиграат натпреварите од седмото коло.

Победи во оваа рунда забележаа Лестер Бо Мекејлеб (Фенербахче) и Перо Антиќ (Олимпијакос), додека поразени се Владо Илиевски и Маркиз Грин (Цедевита), односно Предраг Самарџиски (Лијетувас Ритас).
Лестер Бо Мекејлеб, по повредата се врати во поставата на Фенербахче и во победата над Унион Олимпија од 85:68, учествуваше со 13 поени, 4 асистенции и еден скок. Мекејлеб на теренот мина нешто повеќе од16 минути и за тој период имаше само две промашувања од поле (6/8). Фенербахче прашањето на победникот го реши во првиот дел кога стекна предност од 17 поени.
Олимпијакос, во дербито на колото, го растури Анадолу Ефес со 75:53, Перо Антиќ се вклопи во одличното издание на актуелниот европски првак, за 21 минута на паркетот имаше учинок од 5 поени, 3 скока и една украдена топка.
Двоецот Владо Илиевски-Маркиз Грин, во поразот на Цедевита од Емпорио Армани од 60:75, партиципираа со по пет поени.
Лијетувас Ритас, по првиот дел против Барселона, имаше предност од три поени (45:42), но Барса, во второто полувреме на Литванците им дозволи да постигнат само 21 поени и на крајот забележа убедлива победа од 90:66.
Центарот на македонската репрезентација, Предраг Самарџиски, беше еден од подобрите играчи во својот тим, за 24 минути тој имаше учинок од 10 поени, 4 скока и една асистенција.

Група А:
Фенербахче-Олимпија 85:68

Група Б:
Шалон-Алба 82:87
Уникаха-Проком 63:48

Група Ц:
Армани-Цедевита 75:60
Олимпијакос-Анадолу Ефес 75:53

Група Д:
ЦСКА Москва-Партизан 78:61
Барселона-Лијетувос Ритас 90:66.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: