Пипан: Задар е одличен на домашен терен

По поразот од Игокеа во претходното коло (79:55), тимот на МЗТ Скопје Аеродром патува во Задар за дуел со истоимениот тим во рамките на десетото коло од АБА лигата.

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Алеш Пипан е свесен дека ова ќе биде тешко гостување и дека не смее да ги залаже моменталниот скор на хрватскиот тим, истакнува дека Задар е доста солиден тим кој своите три победи успеа да ги оствари против тимовите на Звезда, Цедевита и Игокеа.
“Распоредот во АБА лигата е таков што ни се погодија две исклучително тешки гостувања едноподруго. Играме против тимот на Задар кој игра одлично на домашен терен. Не смее да на залаже фактот дека Задар е на претпоследното место на табелата, се работи за доста добар тим кој на домашен терен успеа да ги совлада екипите на Црвена Звезда и Игокеа. Од моите играчи барам да одиграат многу подобро него што одиграа со натпреварот Игокеа, мораме да одиграме многу подобро и во одбраната и во нападот„ изјави за клупската интернет страница тренерот на МЗТ Скопје Аеродром , Алеш Пипан.
МЗТ, по девет кола во Јадранската лига има скор од четири победи и пет порази, со што се наоѓа во групата на екипи кои со идентичен скор се наредени од седмата до единаесеттата позиција на табелата (Олимпија, Цибона, Сплит, Крка, МЗТ).
Тимот на Задар е на претпоследното место на табелата во АБА лигата со скор од три победи и шест порази, во претходното коло беше убедливо поразен на гостувањето во Подгорица, од тимот на Будуќност со резултат 76-60.
Натпреварот помеѓу Задар и МЗТ Скопје Аеродром се игра во сабота, со почеток од 20:30 часот.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: