”Coldplay” се растура

Loading...

'Ова е нашиот последен голем концерт барем за наредните три години'- изјави Крис Мартин после концертот во Австралија.

Фронтменот изјави дека овој концерт имале желба да го направат еден од најдобрите до сега, бидејќи навистина се сериозни во намерата дека нема да постојат повеќе како група.

Тие велат дека им е потребна пауза, па затоа откако ќе ги одржат концертите кои ги закажаа до крајот на годината, тие ќе земат годишен одмор.

Меѓутоа некои тврдат дека ова е вистинска голема пауза која тие планираат да ја земат, и дека најверојатно станува збор за распаѓање на бендот. Секако дека засега станува збор за нагаѓања, но многу веројатно е дека станува збор за нивното престанок како група.

 

loading...