Најголемите грешки кои ги прават жените

Мажите ги сакаат жените. Им се воодушеуваат на начинот на кој изгледаат, одат, зборуваат и се смеат. Но има и одредени ситуации кога мажите мислат дека жените се едноставно неподносливи…

Ако сте маж веруваме дека ова ќе Ви звучи многу познато, а ако сте жена, обрнете внимание и потрудете се да не ги правите следните грешки.

Критикување на други жени

Многу жени се склони кон критикување и давање зајадливи забелешки на сметка на нивните згодни сопернички. Тие очајно се обидуваат да најдат маана во изгледот или однесувањето на другите жени, најверојатно затоа што се чуствуваат загрозени, а тоа мажите едноставно ги вади од такт.

Премногу бараат

Женската потреба за нежност и галење, понекогаш ги поминува сите можни граници. Жените од своите партнери бараат константна морална, емоционална и ментална поддршка и доказ дека се сакани, а од друга страна упорно се трудат да покажат дека се самостојни и независни. Тоа за мажите знае да биде ужасно напорно.

Премногу се емотивни

Леењето солзи на секоја емотивна сцена, за мажите е непотребна драма, а посебно ако од нив се бара да бидат рамото за плачење. Мажите едноставно не знаат како да се справат со вакви ситуации и затоа ова непотребно им го „крева притисокот“.

Опсесивно купување

Жените се во состојба да поминат долги часови низ продавниците и да пробуваат безброј модни комбинации на себе. Ова и не би било толку страшно доколку не инсистираат нивниот партнер да ги придружува. Тој едноставно излудува при вакви активности.

Постојано се жалат заради килограмите

Поголем дел од жените постојано се жалат на својата тежина. Иако секоја недела испробуваат нова диета, сепак секогаш наоѓаат некој вишок на себе. Постојаното броење на калориите, приказните за диетите и кукањето заради тесната облека, мажите едноставно не можат повеќе да ги слушаат.

Зборуваат за време на натпревар

Жените се склони да зборуваат додека мажите гледаат телевизија. И додека таа од петни жили се труди да му го привлече вниманието, тој се прашува зошто таа не замолчи до следните рекламни пораки.

Пронајдете не на следниве мрежи: