Иако мислиме дека тие во секој момент изгледаат совршено, познатите девојки вложуваат многу труд за во секој момент да изгледаат беспрекорно средени, женствени и заводливи.
Секоја од нив има некоја своја тајна, било да се работи за лимон, начин на кој се нанесува парфем или шминка за тело, сите тие се сложуваат во едно. Дека жената е најубава кога е задоволна.
Списанието 'Мари-Клер' ги собра размислувањата за убавината на некои од најславните ѕвезди на денешницата.
Погледнете што тие изјавија…
Меган Фокс
''За мене дефиниција на убавината е едноставност, елеганција и секспил. Мојот пример е Ава Гарднер. Мислам дека жената најдобро изгледа кога е задоволна, бидејќи тогаш таа зрачи. Женственоста не е ствар на изглед. Женственоста е став''
Скарлет Јохансон
''Ако мојата кожа изгледа сиво или е полна со црвени точки пред некој важен настан, на мојата кожа нанесувам исцеден сок од лимон за да ја посветлам. Иако тоа малку пецка, сепак тоа е мојот најдраг третман. Лимонот го додавам и во водата која ја пијам. Испробајте го тој трик, сигурно ќе бидете воодушевени.''
Кајли Миног
''За мојата работа шминката за тело е многу важна. Моите визажисти секогаш ме пратат со пудрите и илуминаторите за да направат моето тело да изгледа беспрекорно. Најмногу ги сакам илуминаторите со златни честици кои ги нанесувам на нозете, рацете и деколтето.''
Лив Тајлер
''Неколку капки од мојот омилен парфем го тријам помеѓу прстите и потоа го нанесувам на кожата позади ушите, зад колената, на папокот па дури и на стапалата со цел да мирисам убаво кога ќе ги соблечам обувките. Сакам женствени парфем, а најдраг ми е Givenchy Very Irresisteble.''
Пронајдете не на следниве мрежи: