Пристигнува поефтин iPhone

Андроид веќе целосно доминира со пазарот на паметни телефони, овој оперативен систем е инсталиран на напредни модели како “Galaxy S3” и “Note 2” на Samsung, новите модели на HTC, како и на некои поефтини модели, така што оние кои сакаат да купат ефтин паметен телефон скоро и да немаат друг избор освен Андроид. 

Пред неколку години на интернет се појавија гласини дека Apple, со цел да може да му конкурира на Андроид, има намера да претстави помал модел на својот телефон (iPhone mini) кој треба да има помал екран, како и помала цена, но тие гласини се покажаа како невистинити. 

Џин Мунстер, еден од најпознатите аналитичари, кој со години ја следи оваа компанија, смета дека Apple има нови планови за поефтин модел на iPhone – со оглед на ситуацијата на пазарот и тенденцијата кон поголемите екрани, јасно е дека можеме да заборавиме на iPhone со 3,5-инчен екран, но затоа се размислува за модел чија цена би изнесувала 200 долари во слободна продажба. 

Цената на основниот модел на новиот iPhone во САД изнесува 200 долари, но со потпишување на двегодишен договор – Apple по продаден модел добива околу 600 долари, а мобилните оператори тие трошоци ги надоместуваат во цената на претплатата во текот на наредните 2 години. Од “Business Insider” велат дека таквиот систем на продажба на телефоните по помала цена не се однесува на Индија и Кина, па затоа Apple има многу мал удел на пазарот на тие земји. Ако Apple сака да конкурира на овој пазар каде има околу 3 милијарди корисници на паметни телефони, мора да најде решение за овој проблем. Единственото решение е продавање на нов iPhone по пониска цена, која не зависи од мобилните оператори. 

Мунстер верува дека Apple би требало да направи телефон кој би чинел околу 200 долари, а да го претстави пред 2014 година. 

Иако Apple до сега не продавал ефтини уреди, бидејќи верува дека високата цена одговара на високиот квалитет, претставувањето на ефтин iPhone би значело голема промена во корпоративната филозофија. Ова би можело да се оправда со тоа што сега компанијата има нов извршен директор, човек кој е многу пофлексибилен од поранешниот, познатиот Стив Џобс. Поефтин iPhone можеби е на повидок. Ова секако не е невозможно. 

Пронајдете не на следниве мрежи: