Прва гостинска победа за ЛА Лејкерс

Победи за Мајами, ЛА Лејкерс, Оклахома во натпреварите кои се одиграа во ноќта меѓу саботата и неделата.

Леброн Џејмс го предводеше Мајами до победата над неговиот поранешен тим Кливленд. Леброн постигна 30 поени, но победата на Мајами од 110:108 им ја донесе Реј Ален (17 п.), кој во последните две минути беше иницијатор на серијата со која Хит надополни негатива од осум поени.
Лејкерси ја забележаа седмата победа, прва на гостински терен сезонава. ‘Езерџиите’ го совладаа Далас со 119:85, во натпревар во кој Коби Брајант постигна 19, а по 17 уфрлија Мета Ворлд Пис и Антоан Џејмисон.
Вицепрвакот Оклахома, по продолжението победи во Филаделфија со 116:109. Кевин Дурент постигна 37 поени, а Расел Вестбрук имаше учинок од 30 поени и 9 асистенции. Најекспониран играч на Филаделфија беше Џад Јанг со 19 поени и 15 скокови.
Вашингтон, останува единствениот тим без победа во лигата, екипата од главниот град 11-от пораз го забележа на домашен терен од Шарлот 108:106.
Чикаго како гостин победи во Милвоки 93:86, Сакраменто ја победи Јута со 108:97, Голден Стејт беше подобар од Минесота со 96:85, а Атланта беше подобра од ЛА Клиперс со 104:93.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: