Виртуелен хор од преку 3.000 членови – погледнете како изгледа

Се започна со видеото на Брилин Лус, а последниот во низата виртуелни хорови кои имавме шанса да ги видиме на YouTube собра точно 3746 членови од дури 73 земји од целиот свет. 

Ако не сте запознаени, станува збор за идеја на познатиот композитор Ерик Витакер, кој одлучил да ангажира луѓе од целиот свет кои ќе учествуваат во неговиот виртуелен хор. Досега веќе имаше неколку обиди (на пример композицијата “Sleep” собра 2052 снимки од 58 земји), но овој е најголем. 

Витакер овој пат отишол чекор понапред. Не само што го олеснил начинот на пријавување, туку понудил и лекции по пеење за оние кои сакале да земат учество. Така, аматерите можеле да станат дел од овој навистина фасцинантен проект заедно со професионалците. 

 

 

Меѓутоа, композиторот вели дека посебно го трогнале некои од приказните на бројните кандидати. 

Речиси потполно слеп човек, кој никогаш не можел да биде член на хор затоа што не може да го гледа диригентот, се приближил до екранот и за прв пат во својот живот запеал во хор.

Жена од Зулу во Јужна Африка во своето село немала интернет и минала два дена прикачувајќи го видеото од својот мобилен телефон, а посебно бил трогнат од приказната која го снимила своето видео во болница, држејќи ја за рака својата мајка која била на смртна постела.

 

 

Сепак, Витакер тврди дека ова е само дел од приказните, како и дека основната идеја е да се спојат луѓето во нешто величенствено. Имено, виртуелниот хор неодамна ја одбележал и првата свршувачка, откако двајца од членовите кои се запознале таму се вљубиле еден во друг. Витакер додава дека тие полека се претвораат во големо семејство.

Композиторот наскоро започнува со четвриот виртуелен хор, и ги повикува сите да се придружат.  

Пронајдете не на следниве мрежи: