8 генијални начини да ги искористите лушпите од јајца: Чист благослов од природата кој никако не смеете да го фрлите!

Лушпата од јајце не е само сад кој во себе крие жолчка и белка, таа е доказ дека природата се погрижила за сè и дека направила совршено пакување.
Лушпата од јајце е направена од 95% калциум карбонат и е најслична со нашите коски и заби. Сигурно знаете дека е голема глупост да го фрлите ова ‘суво злато’, но ако веќе ги чувате, еве и како може да ги искористите лушпите од јајца.
1. Посејте семе во нив
Наместо мали пластични кутии за садници, искристете лушпи од јајца. Едноставно наполнете ги со земја, посејте го семето и кога ќе почнат да ‘ртат, пресадете ги заедно со лушпата во градина. Лушпата ќе му овозможи на семето калциум (што е практично гориво) и со текот на времето ќе се распадне и ќе се разгради во почвата, додека семето ќе почне да цвета и ќе расте.


2. Компост
Скршете ги лушпите од јајца и убаво наредете ги на леите околу цвеќето. Ќе ви послужат како одличен компос: нема да му дозволат на плевелот да расте, ќе ја збогатат почвата со калциум, а постепено ќе истекува вода, притоа штитат од суша.
3. Одлични се за домати, пиперки, тиквички, зелка и брокула
Кога садите садници во градина, ставете мелени лушпи од јајца околу нив. Калциумот што постепено ќе се ослободува од нив ќе спречи болести и гниење, а садниците ќе растат убаво. Покрај тоа, полжавите нема да можат да поминат преку лушпите од јајца и нема да ги јадат вашите садници.
4. Нахранете ги кокошките со лушпи од јајца
На несилките им треба многу калциум. Ако забележите дека тиа ги јадат сопствените јајца, тоа значи дека им фали калциум. Затоа, убаво искршете ги лушпите од јајца, па ставете ги во широка тава, печете на температура од 100 степени и додадете ги во храната за кокошки.
5. Додадете ги во компост
За да го збогатите компостот со калциум, додадете лушпи од јајца.
6. Храна за диви птици
Ако имате куќичка за птици на дрво во вашиот двор и им ставате храна, со останатите зрна додадете им и лушпи од јајца. Ако ги сакаат кокошките, ќе ги сакаат и птиците.
7. Додадете лушпи од јајца во утринското кафе
Добро измијте ги лушпите од јајца, па испечете ги на 100 степени во рерна. Потоа измелете ги колку што можете, па правот кој ќе го добиете додадете го во домашното кафе. Освен што во телото ќе внесете калциум, лушпите од јајца ќе го подобрат вкусот на кафето – ќе ја намалат киселоста и чувството на прегорено кафе.
8. Додадете лушпи од јајца во супа
Супата од кокошка е многу корисна, но ако во неа додадете и малку прав од лушпи од јајца, верувајте дека тоа ќе биде витаминска бомба. Освен калциум, лушпата од јајце содржи и магнезиум, селен, цинк, железо и фосфор. Ова нема да го промени вкусот на супата, но хранливоста ќе биде многу поголема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.