Бруклин победи во дербито на Њујорк

Екипата на Бруклин го победи њујорк во градското дерби, кое се одигра во НБА лигата.

Бруклин, по продолжението забележа победа со 96:89. Брук Лопез и Дерон Вилијамс со остварија ’дабл дабл’ ефект во победата на својот тим – Лопез имаше 22 поени и 11 скокови, а Вилијамс мечот го заврши со 16 поени и 14 асистенции. Двоцифрен ефект кај Нетси имаа уште Џералд Валас (14 п.) и ветеранот Џери Стекхаус (16 п.).
Њујорк имаше само двајца расположени кошаркари – Кармело Ентони запиша 35 поени и 13 скокови, а Тајсон Џендлер имаше рекордни сезонава 28 поени на кои придодаде 11 скокови.
Сан Антонио лесно го победи Вашингтон со 118:92, тимската игра одново беше клучна за 12-та сезонска победа на Спарси. Борис Диао со 16 поени предводеше група од седуммина играчи на Сан Антонио кои постигнаа двоцифрен број на поени. Вашингтон и по 12 натпревари остана единствената екипа без победа во новата сезона.
Мемфис против Кливленд стигна до 10-та победа во сезоната. Центрите на Мемфис Марк Гасол и Зак Рендолф постигнаа по 19 поени во победата на Мемфис над Кливленд со 84:78.
Милвоки како гостин минимално го порази Чикаго со 93:92, Ерсан Иљасова со 18 поени беше најефикасниот играч на Милвоки, додека Чикаго го предводеше Рип Хамилтон со 30 поени.
На другите натпревари Јута го победи Денвер со 105:103, Детроит беше подобар од Портланд со 108:101, Оклахома го демолира Шарлот со 114:69, додека ЛА Клиперс загуби на домашен терен од Њу Орлеанс со 98:105.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: