Leitner и BMW ги здружија силите и знаењата и направиле кабина за жичарница со извонредно луксузен ентериер, кој потсетува на оној на лимузината BMW 7.
Ултра модерната “Sigma Diamond” жичарница е дело на соработката на компанијата за жичарници “Leitner” и баварската компанија за автомобили, “BMW”.
Оваа луксузна жичарница е дел од системот на ски-одморалиштето Hochzillertal, каде има стаза која е долга 181 километар. “BMW Individual for Leitner” проектот претставува можеби и најлуксузното нешто што во моментов се нуди во оваа област.
За ентериерот е заслужен “BMW”, кој за оваа прилика осмилил топол амбиент со кожни седиште, кои имаат функција на греење и масажа. Мултимедискиот систем е превземен директно од лимузината на BMW од серијата 7, а се управува преку “iDrive” копче на средишниот потпирач за раце.
За надворешниот изглед се погрижиле луѓето од “Leitner”, една од водечките светски компании во развојот на технологијата за ски-жичарници. Оваа компанија е активна насекаде низ светот, има 70 подружници и 8 производни погони.
Пронајдете не на следниве мрежи: