Една од најголемите кинески осигурителни компании „Ping An Insurance“ се закани дека ќе поднесе тужба против американскиот весник The New York Times, откако весникот објави материјал за тоа дека роднини ма премиерот на Државниот совет на Народна Република Кина се сопственици на големи активи во неа.
„Ping An Insurance се запозна со последните написи во медиумите поврзани со компанијата, во кои има недостиг од логичка поврзаност и содржат голем број сериозни неточности Покрај тоа, фактите презентирани во овие написи се искривени и извадени од контекст“, се наведува во соопштението на кинеската осигурителна компанија испратено до агенцијата Reuters.
Претставник на компанијата појаснил за агенцијата дека станува збор за статија објавена во The New York Times. Во соопштението на „Ping An Insurance“ се додава дека компанијата ќе оди на суд и ќе побара отштета пропорционална со штетата што била предизвикана од написот врз нејзиниот углед.
Кон крајот на октомври, влијателниот њујоршки дневен весник објави напис во кој беше наведено дека роднини на кинескиот премиер Вен Џиабао контролираат средства во вредност од повеќе од 2.7 милијарди долари во осигурителната компанија. Во написот се забележува дека семејството на Џиабао значително се збогатило за време на неговото вршење на високата функција, при што главниот дел од сопственоста на кинескиот премиер, според весникот, се дел од активата на „Ping An Insurance“.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: