Внимавајте: Гардеробата на ZARA опасна по вашето здравје

Според последното соопштение од страна на невладината организација за заштита на животната средина Greenpeace, во гардеробата на светски познатиот производител ZARA се пронајдени траги од токсични хемикалии кои се штетни по здравјето на луѓето.

Меѓу останатите брендови кои се најдоа со свои токсични производи на пазарот покрај „ ZARA“, на листата од страна на невлдината организација се додадени и „Adidas“, “Lacoste”, “Converse” и “Calvin Klein”, како производители кои се сместуваат во категоријата под наслов “Опасна Гардероба”, со што во третина од земените тестирани примероци на именуваните брендови се добиени резултати кои наведуваат на опасната хемикалија позната како Nonil fenol etoksilat, хемикалија која е опасна и штетна по здравјето.

Спроведените истражувања и тестирања се направени во согласност со сите законски прописи од страна на невладината Greenpeace, а конечните резултати како и официјалната информација беа достапни за светската јавност во април месец, оваа година.

Nonil fenol etoksilat е хемикалија која се користи во индустријата како прашок или детергент, предизвикувајќи можни имитирања на некои женски хормони, притоа доведувајќи до пореметен секусален развој и заболувања на репродуктивниот систем, како и можен потенцијален фактор за развој на канцерогени заболувања.

Имено истоимената хемикалија или NFE се ослободува за време на перењето на потенцијалното парче гардероба, без притоа да има било какво предупредување за кое би биле задолжени да го примените или се заштитите.

 

Извор: Kurir.rs

Пронајдете не на следниве мрежи: