Големи предизвици за Војдан и Докузовски во Еврокупот

Loading...

Тешки натпревари ги очекуваат Војдан Стојановски (Доњецк) и Марин Докузовски (Лукоил Академик), во рамките на четвртото коло, во кошаркарскиот Еврокуп.

Војдан со Доњецк, во Е групата, ќе гостува кај Трефл Сопот, додека Докузовски со Луокоил Академик ќе патува во Шпанија, на натпреварот со Билбао.
Екипите на Стојановски и Докузовски, по три кола во Еврокупот имаат учинок од една победа и два порази.
Четвртото коло во Еврокупот, во вторникот навечер го отвори натпреварот од Х групата, во кој Кахасол, во Севиља го победи Орлеан со 84:78.

Група А:

Будивељник-Хапоел Ерусалим

Нимбурк-Приенаи

Група Б:

Будуќност-Шарлроа
Билбао-Лукоил Академик

Група Ц:

Триумф-Рига
Ле Ман-Артланд Драгонс

Група Д:

Азомваш-Банвит
Вирцбург-Валенсија

Група Е:

Трефл Сопот-Доњецк
Галатасарај-Локомотив Кубан

Група Ф:

Уникс-Паниониос
Стелмет-Остенде

Група Г:

Шоле-Цибона
Улм-Спартак Санкт Петербург

Група Х:

Динамо Сасари-Црвена ѕвезда
Кахасол-Орлеан 84:78.

 

Макфакс

 

loading...
Loading...