Коби броеше до 40, Лејкерси поразени

Loading...

Коби Брајант постигна половина од поените на ЛА Лејкерс, но ниту неговата најдобра игра во сезоната не и беше доволна ‘езерџиите’ да забележат победа.

Коби постигна 40 поени во „Стејплс центар“, но Лејкерси загубија од Индијана со 77:79. Натпреварот го реши Џорџ Хил, кој на 0,1 секунда до крајот преку Двајт Хауард ги постигна победничките поени за Индијана. Хил мечот го заврши со 19 поени, а Индијана ја забележа третата последовна победа во Лос Анџелес, претходно Пејсерси имаа 11 порази.
Коби Брајант по 114 –ти пат во кариерата постигна 40 или повеќе поени.
Филаделфија, во уште еден драматичен меч запиша победа над Далас 100:98. Тарнер со 22 и Јанг со 20 поени беа најефикасни кај Филаделфија.
Минесота ја совлада екипата на Сакраменто со 97:89, благодарение на маестралната игра на Кевин Лав кој оствари импресивен ‘дабл-дабл’ 23 поени и 24 скокови.
Феникс предводен од Горан Драгиќ (19 поени, 5 скока и 7 асистенции) победи во Кливленд со 91:78, додека Хјустон го совлада Торонто со 117:101, Џејмс Харден имаше учинок од 24 поени и 12 асистенции.

Макфакс

loading...
Loading...